МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

фото : Архива РТК.МК

Здружението на Лозаро овоштари со седиште во Кавадарци упати допис до Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство Скопја со БАРАЊА ВО

кои се содржани повеќе прашања од интерес на лозарите и овошарите од Тиквешијата.

Во нив се наведува:

Бараме заедничка средба со Министерот за Земјоделие, г-дин Љупчо Николовски, и да ги повика винариите, откупувачи на винско грозје, пред празникот Св. Трифун, да кажат колку количина планираат да откупат по сорти, со која шеќерност и цена по килограм, за реколта 2022 година. Веднаш да се донеси закон со кој ќе се гарантира минималната откупна цена на грозјето, и тоа по шеќерни единици: за Вранецот, 19 шеќерни единици = цена 18 ден./кг. , а за Смедеревката, 17 шеќерни единици = цена 16 ден./кг. Бараме обештетување и исплаќање на средствата за пролетното измрзнување на лозовите и овошните насади, каде што беа зафатени реоните Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија, беше прогласено Елементарна непогода од мраз, за 2021 година. Бараме обештетување од Државата за донесената одлука од Собранието на Град Кавадарци и Неготино, Елементарна непогода од суша, на сите лозари и овоштари од Кавадарци и Неготино, за претрпената штета од невремето, и на кои Водостопанство „Тиквеш“ не можеше да им обезбеди вода за наводнување. По дадениот оглас, во Кавадарци беа поднесени 1075 барања и Комисијата оформена во Кавадарци направи и достави елаборат до Државната Комисијата за Елементарни непогоди Скопје, за проценка на штета, Октомври 2021. Додека пак, во Неготино беа поднесени 250 барања за проценка на штета од сушата, каде што исто така, Комисијата од Неготино, достави елаборат во Декември 2021 година, до истата Комисијата за проценка на штети, во Скопје. Бараме во најкраток рок, Владата да одобри средства за исплата на оштетените Лозаро Овоштари, бидејќи претходната година, оштетените не земаа никаков приход. Бараме исплата на редовните субвенции од хектар, за оддржување на лозовите и овошните насади, и истите да се исплатат пред Празникот Св. Трифун, 14.02.2022, со можност за нивно покачување, затоа што сите заштитни средства и ѓубрива се покачени. Да им се пуштат средства на Водостопанство „Тиквеш“ Кавадарци, за да се направи каналската линија од 850 метри – К1, во Ваташа, која што не е во функција 5 години. Од нивна страна, секоја година е ветувано дека истата ќе биде направена, но сеуште не е. Да се направат двете пумпи на Лазово Мовче – Кавадарци, и да се поправат и сменат со нови пумпи, во С. Марена, каде што одвкупно 6 (шест), работи само една. Да се донесе каналска мрежа во сушните реони, за месноста Овчка Река, Смилица, каде што има готов проект од 2016 година, за донесување на каналска мрежа, кој што така стои во фиоките на Водостопанство, а лозовите насади и грозјето се сушат. Нема резервни делови, ниту пак Водари. Исто така, предлагаме Водостопанство да биде под Собранието на Град Кавадарци, за подобро функционирање. И, водниот надоместок под пумпи да биде намален од 1860 по декар, на 1000 денари. Да се финансира од Државата изградба на Дестилерија во Кавадарци или Неготино, со тоа би се решил проблемот со вишокот на грозје, и би била стабилна цената на грозјето, за да не можат винариите да не условуваат, а со тоа да не остани вишок на грозје. Зелената нафта е добра мерка, од која се задоволни земјоделците. Да продолжи и за 2022 година, а со тоа и да се зголеми процентноста на исплата, од 50% на 75% од вредноста на цената за 1.кг нафта. Доколку одредени Лозари не склучат договор со Винарија пред Св. Трифун, Државата да ги обештети со реална сума на пари, а Лозарите да ги искројат лозјата на резник, без родност.

Регионално Здружение „Тиквешки Лозаро Овоштари“Кавадарци,претседател Дане Јошев “

-се наведува во писмото со барања до Министерството за земјоделие.