МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Meрки кои треба да ги преземат граѓаните и возачите при појава на снежни врнежи

Во пресрет на најавите од Управата за Хидро Метеоролошки работи од каде за престојните денови се најавуваат обилни врнежи од снег, проследени со ниски температури и студено време, Општината Кавадарци информира дека согласно своите расположиви капацитети, заедно со концесионерот за зимско одржување на улици и патишта, е подготвена успешно да се справи со истите.Во оваа прилика општината Апелира до граѓаните: Доколку се остварат очекувањата за обилни снежни врнежи, и тие согласно законските обврски во случај на временска непогода самоиницијативно да превземат, чекори за расчистување на снегот пред своите домови и деловно стопанските објекти.Се Апелира до возачите при снежните врнежи да поведат сметка за прописно паркирање, како и за предвремено отстранување на старите и хаварисани возила од коловозитеи тротоарите како не би дошло до проблеми и пречки во расчистувањето на снегот од страна на службите.Општина Кавадaрци Апелира до граѓаните, во случај на обилни врнежи од снег како и при појави на екстремно ниски температури и голомразица, без некоја посериозна потреба да не се упатуват кон селата од ридско планинскиот дел на општината.

Поради најавата од снежни врнежи,се препорачува старите лица кои моментно живеат во планинските села да се симнат во подкожувјето , а ловците и други граѓани без поголема потреба да не заминуваат во селата од Бошавијата и мариовскиот дел на Тиквешијата.