МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Општина Кавадарци во учебната 2015/2016 се запишале помал број на првооделенци споредено со лани.Бројките тоа го потврдуваат.Годинава се запишале 335 а лани 392 нови ученици. И во средните училишта се запишуваат помалку ученици ако се направи споредба со минатата година. Годинава за прв пат започна со работа нова паралелка .Запишани се 380 ученици или 10 помалку од лани кога се запишале 390 ученици во прва година.Учениците ке посетув аат спортска паралелка која ке работи во Средното Општинско училиште,,Ѓорче Петров,,.Уписот е завршен за 20-сетина ученици кои ке изучуваат кошарка. Градоначалникот Панов на првиот ден од новата учебна година на сите ученици кои учат основно и средно образование но и на останатите помалади и повозрасни наши граѓани кои започнуваат нова година во која стекнуваат нови знаења и се воспитуваат им посака пријатен престој, здравје,и успешна учебна година. -Инаку Општина Кавадарци се е подготвено за отпочнување на учебната година,направена е инспекција за состојбата со училиштата,и констатирано е дека сите образовни институции се во топ форма за извршување на настава , вели Панов на денот на стартот на учебната година , нагласи Панов. м.д.