МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Живата во термометарот денеска во 13.30 изнесуваше -7 степени

Во градот наврнаа дваесетина, надвор од урбаната средина, над 30 и 40, а во планиснкиот дел на Општинава 50- сетина сантиметри снег.Температурата на воздухот според Метеоролошките апарати во село Сопот во 13 часот изнесувала - 7 степени под нулата ,влажност а е 91 % ,а брзина на ветерот изнесува 20 km/h -од североисточен правец.Минималната температура синоќа биле -10 степени под нулата.

Инаку последните снежни врнежи го прочистија воздухот во Кавадарциу а со тоа го намалија ширењето на грипот.

Снегот ги разбуди убавите чуства кај лугето.Тој делува позитивно ,тоа е очигледно,а празникот денеска (Бадник)а особено утрешниот Божиќ,како да ја враќаат верата во лугето, она вистинската.Што се однесува за состојбата на градските таа е зимска , но без проблеми може да се вози по сите улици.Чистено е од синоќа се чисти и денес.

Теренските екипи се ангажирани од утринава. Се расчистува кон селата Страгово, Крњево и Бохула. Од утринава механизацијата работи на расчистување на патните правци од Мрежичко кон Рожден и Мајден.

Снегот се чисти од синоќа во 18 часот- до 23 часот. Најпрвин сите градски сообраќајници, а потоа механизацијата на „Ја-ми“ интервенирала во селата, Сопот, Марена, Фариш, Раец, Дреново, Ресава, Бегниште и Шивец. Екипи на зимската служба интервенирале и во текот на ноќта.

Од прес службата на општина Кавадарци добивме информација дека сите патни правци се проодни, но сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови.

Вкупно 23 м3 ризла и 10 тони индустриска сол е фрлено досега. Службата за односи со јавноста соопштува дека екипи на зимската служба по расчистувањето на локалните патни правци кон селата ќе работи на расчистување и на улиците во градот од втора и трета категорија.