МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

“Општини во нашата држава, за тоа говорат делата, за тоа говорат бројките. Успешноста се докажува во секојдневните нови објекти низ градот: Нови улици и реконструкции ,нов покриен пазар со подземни нивоа на паркирање, нова мини хидро електична централа и секојдневни нови објекти. Ликвидноста и успешноста на една Општина се гледа по тоа што Капиталот е неколку пати зголемен на Општина Кавадарци, што значи повеќе се инвестирало отколку што се амортизира. Обврските Општина Кавадарци ги надмирува согласно законот за финансиска дисциплина, каде компаниите согласно предвидените рокови ги имаат прифатено условите и се пријавуваат на тендерските постапки и до сега сите економски оператори се исплатуваат согласно предвидените законски рокови.За разлика од централната власт Општина Кавадарци има долгорочни кредити кои што редовно ги надмирува и сите долгорочни обврски се за инвестиции за доброто на Граѓаните односно нови улици , водоводни и канализациони системи и тоа во бројки : Општината од долгорочни обврски за инфраструктурни објекти износот од 190.640,358 денари го намалила на износ од 153.471.042 денари или за 37.177.312 денари , додека Јавните претпријатија долгорочните обврските во износ од 106.413.053 ги намалила на износ од 85.063.129 денари или за 21.349.924 денари. Затоа што е една од најуспешните Општини, Општина Кавадарци и ЈП Комуналец добија гранд во износ од 2.400.000 евра од КWF банка за реализација која ќе се одвива во оваа година.Општина Кавадарци има редовен оперативен долг од 57.000.000 денари и истиот редовно се надмирува што значи, според нивоата на задолженост Општината Кавадарци е во нискозадолжени Општини.Сдсм место да опструира во успешноста и видливите позитивни резултати во Општина Кавадарци, добро е да се погрижи за централно ниво каде инфлацијата на државата е над 10 проценти, каде има огромни ценовни шокови на сите призводи и за последните две години државата се задолжила и тоа за тековни расходи во износ од 1.8 милијарди евра а за последните три години вкупно 3.2 милијарди евра со што вкупните обврски на државата ќе бидат 8.1 милијарди евра или вкупниот долг на државата од 61 процент од БДП ќе биди на 64 проценти од БДП што е загрижувачко високо ниво. Согласно последните податоци и согласно новиот ребаланс, планирано е ново задолжување во износ од 900 милиони евра од ММФ за буџетски дефицит односно за тековно трошење. Каматната стапка на кредите кои се задолжува државата е во износ 4.5 до 5 проценти што значи државата се задолжува со висока камата за тековно работење, без за со истите средства реализира ниту една значајна капитална инвестиција а долговите се на највисоко историско ниво до сега .„ се наведува во соопштението од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.