МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Податокот укажува на намалување на вкупната бројка за една недела

Состојбата со заболувањата оид сезонскиот грип е нешто подобра од претходниот период.За минатата седмица во Центарот за јавно здравје Кавадарци се евидентирани 764 случаи на новизаболени граѓани од грип.Тоа е скоро половина помалку од претходната недела.Вкупно досега, ова сезона во кавадаречкиот центар, според евиденцијата на д-р Епидемиолог Ристе Јовановски, се забележани 2.184 случаи на сезонски грип,што во споредба со лани е значително повеке.

Веројатно снежните врнежи, почистиот воздух и ниските темепаратури имаат влијание на нешто подобрената состојба, но веројатно и зимскиот распуст на учениците е значаен момент .

Најважно од се за превентивата е да не се посетуваат масовни собири , да се пијат многу течности и да се јаде зеленчук и витамини.Посебно да се чуваат хронично болните лица.