МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Потрошувачите кои не ги оставија пуштени славините, сега се без вода

Поради ниските температури во Кавадарци веке е евидентирано замрзнување на водомерите. Раководителот на работната единица за водовод и канализација при Јавното препријатие од овој град , Марјан Прескакулев денеска информира дека околу седумдесет водомери (70) се пријавени како нефункционални поради студот.

-На замрзнатите водомери им се искршени стаклата и тие не се во функција. Доколку не реагираат навреме, водокорисниците кои имаат вакви дефекти остануваат без вода за пиење бидејќи водата ја полни шахтата и дворот. Затоа е неопходно ваквите проблеми да се пријават навремено, соопшти Прескакулев.

Тој вели дека мрзнат водомери кај дел од водокорисниците кои имаат непрописно направени водомерни шахти. Екипи на “Комуналец” се на терен и активно работат на отстранување на ваквите дефекти.

Инаку вода и понатаму немаат граѓаните кои беа солидарни и ги послушаа препораните на Локалната самопуправа да не ги оставаат пуштени чешмите .Имено тие во најстудените ноќи за да бидат лојални граѓанина заедницата во прилог на своите сограѓани без вода не ги оставија своите чешми да течат , но веке утредента имаа целосно замрната интерна водоводна мрежа, која сега воопшто не се одмрзнува , им пукаат стаклата на водомерите и што е најважно немаат санитарна вода.За разлика од нив ,оние кои не ги послушаа апелите, и ја остравија водата ноќта да тече сега имаат нормален дури и поголем притисок во славините од нормалниот.Очигледно не се исплати да се биде солидарен,бидејќи таму каде побаравме помош, само ги креваа рамениците.Поуката е извлечена ?!!!!! За друг пат.