МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Со полагање свежо цвеќе пред спомен бистата во Марена му се оддаде достоинствена почит на Толев

Денеска во село Марена со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Блашко Толев се одбележаа 21 година од неговата трагична смрт. Како припадник на АРМ Толев загина во воениот конфликт на 01 јули 2001 година на тетовското Кале од минофрлачка граната, испукана од страна на албанските терористи. Како припадник на редовниот состав на Армијата на Република Македонија на само 20 години го жртвува својот живот за одбраната на татковината. Постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија. Денеска свежо цвеќе на спомен бистата на Толев положија членовите на потесното семејство на Блашко Толев, делегација на кабинетот на градоначалникот на Општина Кавадарци, делегација на Советот на Општина Кавадарци и делегација на ОК на ВМРО - ДПМНЕ Кавадарци, делегација од сојузот на борците, делегација на АРМ и претставници на локалната Музеј галерија Кавадарци.

viber_image_2022-07-01_12-15-18-508 viber_image_2022-07-01_12-15-19-133 viber_image_2022-07-01_12-15-19-302 viber_image_2022-07-01_12-15-19-854 viber_image_2022-07-01_12-15-20-260 viber_image_2022-07-01_12-15-20-455

М.В.