„Нашата Фукушима“ е интернационалната групна изложба, која на 20 јануари 2017-петок, со почеток во 19 часот ќе се отвори во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, а ќе трае до 30 јануари.

Станува збор за проект основан од холандски уметници во 2012 година, поттикнати од поезијата на јапонски поет. Според нивниот концепт, уметниците кои учествуваат во проектот имат задача да создадат уметнички дела инспирирани од поезијата за Фукушима.Во текот на четири години од основањето на проектот во 2012 година, изложби со различни поставки, како дел од овој настан се одржаа на многу различни локации ширум светот, со повеќе од 400 уметници-учесници.Со својот меѓународен карактер, проектот гради мостови меѓу народите и уметниците од различни земји. Со организирањето на овој уметнички проект во различни земји се шири иницијативата на уметниците за подигнување на свеста за проблемите поврзани со животната средина, како и нивното влијание врз животите на луѓето.