NOVI _SLIKI

Пожарот се случил денеска претпладне во подрум од куќа во Кавадарци, повредени нема.

Пожар избувна денеска во подрум од куќа во центарот на Кавадарци, на улицата „Илинденска“ спроти Поштата, за среќа повредени нема. Командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски информира дека на лице место излегле и интервенирале со две возила и седум пожарникари. На помош им дошле и по едно возило со по двајца пожарникари од неготинската противпожарна единица и компаниите “Кожувчанка” и “Фени”. -Среќа во несреќа е тоа што не дозволивме пожарот да се прошири на остатокот од куќата и други објекти, нагласи Богевски. Дополнително ќе се утврдува висината на настанатата штета