МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Проектот „Поддршка на деца со јазично – говорни потешкотии од социјално слаби семејства“ e поддржан од Општина Кавадарции истиот се рализира во периодот мај - ноември 2023 година.

Имплементатор на проектот е Центар за Поддршка на Детскиот Развој – Кавадарци.

За потребите на проектот секое основно училиште номинираше по 2 ученика, кои ги исполнуваат следните услови:

1.Ученикот да има јазично – говорни развојни потешкотии;

2.Ученикот да е вклучен во основно образование, во прво, второ или трето одд;

3.Ученикот да е од социјално слабо семејство кое не е во можност да си дозволи платена поддршка за надминување на развојните јазично - говорни потешкотии.

Проектот има за цел да компензира на недостатоците на законските решенија и услуги обезбедени од јавните институции со тоа што ќе имплементира комплементарни активности на оние кои веќе се понудени за поддршка на деца кои имаат јазично - говорни потешкотии и се од социјално слаби семејства.

Со проектот се постигнува директна поддршка за јазично-говорните потешкотии кај ученици од почетна училишна возраст, со мешан етнички состав и рамномерна полова застапеност.

Преку поддршката се обезбедува целосно или делумно подобрување на нивните јазично - говорни способности, подобрување на нивниот училишен успех и самодоверба.

Проектот дава можност и дополнителен број деца и нивните семејства да добијат основна ориентација и совети за поддршка на децата со јазично - говорни развојни потешкотии.

tehnologijata-i-razvojot-na-govorot