МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ако визбите не им го исплатат грозјето на лозарите ,тоа ке го стори државата !

Лозарите имаа убав „Свети Трифун“ по повекедневнотго облачно време.Можеби тоа е симболично но значајно, а и практично.Од денеска ваквото време погодува да се закројува на лозовите и овошните плантажи со што започнува една од најзначајните операции во земјоделието.Снегот и влагата се добредојдени но ниските температури секако не.Измрзнувања има ова зима, а процентот и регионите кои се најмногу оштетени допорва ке бидат лоцирани.

Во сите населби во Тиквешијата и земјата денеска беше празник.Најмасовно се чествуваше во Демир Капија, Кавадарци, Неготино, на лозовите плантажи на домашните винарии со сите адети; пригодна богослужба посветена на светителот Свети Трифун,скромни закуски и секако со вино и ракија како доликува на ваков ден.

Утринава во Кавадрци во црквата Светa Петка се одржа Света Архиерејска литургија со која чиноначалствуваа митрополитите Агатангел, Иларион и Тимотеј, а во доворот на цркавата Свети Димитрија беа закроени трите винови лози.

На градскиот плоштад градоначалникот Панов со претседателката на советот Горица Пеливанова Вилхелм го извршија симболичниот чин на закројување на виновата лоза, со што и официјално во Тиквешијата започна една од најважните операции во одгледувањето на виновата лоза.

На денот на виното ресорниот министер Михаил Цветков се сретна со лозарите и со градоначалникот Панов при што разговараа за моменталната состојба на лозаропроизводителите и надминување на истатат.

На градскиот плоштад денеска како и секоја година се продаваа и можеа да се дегустираат вина, жестоки пијалаци, маџун, мед и други прозводи. Приватните винарски визби и овојпат понудија квалитена лепеза од вина, со желба и годинава да имаат богат и квалитетен род на грозјето.(Видео извештај)