МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчанецот Миле Трајков освои трето место на светското првенство во брзо примање и предавање на знаци од Морзеова азбука

Oва натпреварување се се одржува во Охрид, информираат денеска од радио клубот “Искра” од Кавадарци, во кој членува Трајков.

-На светското првенство во hst 44 годишниот Трајков доби бронза во категоријата rufz или брзо и точно примање на радио аматерски знаци. Во оваа категорија силите си ги одмерија четириесетина натпреварувачи. Најдобар беше натпреварувачот од Белорусија, а второто место го освои русин. На првенството има околу 200 претставници на различни земји, соопштуваат од “Искра”.

Од кавадаречкиот клуб кажуваат дека репрезентацијата на радиоаматери од Македонија ја сочинуваат петмина натпреварувачи во различни дисциплини, од кои четворица од Кавадарци.

-Македонската репрезентација ја предводи кавадарчанецот Младен Марковски кој исто така се натпреваруваше во една од категориите на првенството. Тука се и Дарко Трајков и Вељан Ѓорѓиов од Кавадарци кои освоија четврти места во категориите во кои си ги одмерија силите со претставниците на други земји, како и штипјанецот Зоранчо Крстев од радио клубот “Штип”, нагласуваат од “Искра”.

Притоа додаваат дека кавадаречкиот клуб веќе четири децении работи успешно и претставува расадник за млади таленти.