МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Посадени се нови 20 садници - јавор

Денеска на улицата „Киро Крстев„ никна нов дрворед.Обновени се уништените млади дрвца на ова улица со нови посилни високи стебла на јавор, кој се смета ке ги издржи налетите на насилниците.

20-те нови стебла се посадени вчера и денеска, а дождот ке помогне тие побрзо да се „зафатат„.Според информацијатра од ЈП„Комуналец„- ОЕ„Хигиена и Зеленило“ кои ја изведоа ова активност ,покрај 20 те садници на „Киро Крстев„ се посаденија и три млади стребла јавор на улицата „Браќа Џинови “ од спротивниот дел на реката.

Кога говориме за ова еколошка тема треба да навестиме дека веке од утре и наредните денови ке се се продолжи со пошумување со нови дрвореди на улиците „Тиквешко востание„ и “Страшо Пинџур„.Во план е да се посадат нови 70-сетина млади садници со можност за брза вегетација и 100-остотна можност за зафаќање.Стручните лица на „Хигиена и Зеленило„ направија проценка за потребата од обновување на дрворедите во градот и соодветна заштита и поткастрување на стари насади кои редовно ги конкролирт и на нив соодветно се реагира со цел да не направат матријална штета или при паѓање да повредат минувачи.

Борбата за ширење на бројот на дрворедите и нивно обновување продолжува незапирливо –велат во Комуналец.Не постројат насилници и вандализам кој може да ја уништи желбата а повеке од се потребата од зголемување на површината под зеленило, без разлика дали се тревни површини или млади дрвореди како овој на улицата „Киро Крсте“.Впрочем справувањето со загадувањето и последиците од него е најефикасно со ширењето на еколошката култура и и бројот на садници и кои ни даваат кислород и прават сенки во лето.