Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди на Кавадарци, овој викен беше домаќин на Држaвното првенство во пинг понг за телесни инвалиди.
Првенството беше во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија-Македонскиот параолимписки комитет.Натпреварите се одржаа во СС Јасмин со учество на 30-сетина учесници од Македонија - во 4 категории.Првите места по категории ги освоија:Мажи стоење класа 6-8 Рубинчо Ристески-Прилеп, мажи стоење класа 9-10 Страше Коцевски-Куманово, мажи количка Муштеба Амети –Охрид и жени стоење Лилјана Мицовска од Кочани.Домаќинот Сојузот за спорт на Р И Кавадарци беше претставуван од тројца натпреварувачи: Николчо Делов,Васил Росомански, и Магдалена Делова.Најдобро пласиран во својата класа беше Николчо Делов кој го освои 4 место.
Инаку претходниот викенд ССРИ Кавадарци имаше традиционална средба со ССРИ Кисела Вода Скопје а повод беше прославата на 3 декември Светскиот ден на лица со инвалидност на која се планира одржување на шаховски турнир.