фото архива rtk.mk
Карате клубот „Сансаи - Метал Апостолов“ започна со натпревари. Каратист од кавадречкиот клуб учествуваа на првото „он лајн„ првенство за деца до 15 години во дисцилината кати во машка и женска конкуренција. На натреварот учестуваа 89 натпреварувачи од 16 клубови од Македонија.
Натпреварот беше организиран согласно стандардите на Светската Карате федерација и пропишаните мерки од страна на Министерството за здравство. Изведбите на кати беа на отворен простор, домашни услови, со запазување и одржување на социјална дистанца во време на пандемија од коронавирусот.
Карате клубот Сансаи Метал Апостолов освои 3 златни, 2 сребрени и 4 бронзени медали.
Резултати:
Златни медали:1. Кристијан Митрев - кати машки 13 години. 2. Филип Јанчев - кати машки 10 години. 3. Тамара Ристовска - ката женски 12 години.
Сребрени медали:1. Данка Стојкова - кати женски 14 години 2. Мартин Прстенков - кати машки 13 години.
Бронзени медали:1. Саша Огњеновиќ - кати машки 10 години. 2. Мартин Костов - кати машки 13 години. 3. Матеа Божиноска - кати женски 10 години 4. Стефан Тодороски - ката машки 11 години.