МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

rtk.mk архива

СТАРТУВА МАШКАТА РАКОМЕТНА СУПЕР ЛИГА РАКОМЕТАРИТЕ НА ТИКВЕШ ВО ПРВОТО КОЛО УТРЕ МУ ГОСТУВААТ НА МЛАДОСТ ВО БОГДАНЦИ

Утре и официјално ке стартуваат возбудувањата во машката ракометна суперлига и тоа со дуелот помеѓу „Металург“ и „Еурофарм Пелистер 2“.Оваа сезона во суперлигашката конкуренција ќе има 16 екипи, од кои 14 ќе играат во регуларниот дел поделени во две групи.Публика нема да има но РФМ е во финални преговори покрај лајв стримот на официјалната страна по неколку години пауза ке се врши и ТВ пренос на натпреварите на Македонската Телевизија.Ке се игра по забрзан ситем во петок и во понеделник а секоја среда мобилни екипи од болницата „8 Септември“ ќе ги тестираат клубовите и официјалните лица од другите градови, додека во четврток ќе се тестираат екипите и службените лица од Скопје.Распоред на натпреварите за 1 коло група А од суперлигата е следен:„Јуниор КВ“ – „Пролет“, „КЛ7“ – „Охрид“ и „Астраион“ – „Радовиш“. Во групата Б се срекаваат „Металург“ – „Еурофарм Пелистер 2“„Работнички“ – „Бутел Скопје“ и од 20:30 часот играат „Младост Богданци“ – „Тиквеш“. Нашите ракометари во второто коло се слободни а дури во третото, наредниот петок, во салата Јасмин ке го пречекаат тимот на „Бутел“.

м.в.