ТРОКАЛ ВО ПРВОТО КОЛО Е СЛОБОДЕН А ПРОБАСКЕТ МУ ГОСТУВА НА ВАРДАР

И официјално новиот женски кошаркарски шампионат на Македонија ќе започне на 17 октомври една недела по машката кошаркарска елита. Во првиот дел од лигата според првичниот договор ќе се одиграат 14 првенствени кола, а по одигрувањето на првата фаза што предвидува по еден натпревар дома и на гости најдобрите три екипи од двете однапред направени групи ќе се пласираат во новата група која ке разигрува за шампион и која ќе стартува со пренесени бодови освоени во првиот дел од натпреварите. По одигрувањето на оваа втора фаза, првопласираните четири екипи ќе обезбедат пласман во плеј-офот и ќе се борат за шампионската титула. Екипите кои ќе завршат од четвртата до седмата позиција во двете групи, ќе продолжат со натпреварувањето во плеј-аут лигата која ќе брои осум екипи, а ќе почне со пренесени резултати од првиот дел. Најдобрите две екипи во плеј-аут лигата ќе обезбедат опстанок, односно ќе бидат дел од Првата лига-жени за сезоната 2021/22, која ќе има осум учесници. Преостанатите шест екипи, заедно со ново пријавени екипи ќе бидат составен дел од Втората лига, во сезоната 2021/22. Најинтересно е што двете кавадаречки екипи кои годинава ке настапуваат во женската кошаркарска елита се во различни групи - „Трокал“ ке игра во групата „запад“ а „Пробаскет“ во источната група. Во продолжени и паровите за првото коло во двете групи :

Прво коло:

Запад„Пантери“ – „Шкупи“„Бадел 1862“ – „Работнички“„Гостивар“ – „Струга 2009“„Трокал“ - слободен

Исток„Патриот“ – „Куманово“„Крива Паланка“ – „МЗТ Скопје Аеродром“„Вардар“ – „Пробаскет“„Баскет КАМ“ - слободен

Заради пандемијата со КОВИД 19 ке се игра според сите протоколи но исто така можни се и измени.

м.в.