КАЈ СИТЕ СТРЕЛЦИ ВИДЛИВО Е ПОДОБРУВАЊЕ НА ФОРМАТА И РЕЗУЛТАТИТЕ
Во чест на 11 октомври во Прилеп традиционално се одржа 29 по ред „11 октомври опен“ во стрелаштво со воздушна пушка. Четворица стрелци од стрелачкиот клуб „Кавадарци“ зедоа учество на ова натпреварување во дисциплината на 10 м. Постигнатите резултати во целост покажаа подобрување на формата и резултатите од претходните натпревари кај сите 4 стрелци. Ова доаѓа како резултат на континуираната работа на стручниот штаб со стрелците од клубот.
м.в.