САМО ПРВОПЛАСИРАНИОТ ОСТАНУВА ВО СУПЕРЛИГАТА - ВТОРОПЛАСИРАНИОТ КЕ ИГРА БАРАЖ СО ПРВОЛИГАШКИОТ ШАМПИОН

Неофицијално дознаваме дека осумте екипи кои се најдоа во плеј-аут групата од Супер машката ракометна лига лига од 6 односно 7 март ќе ја започнат интересната трка во која ќе треба да се борат за едно од првите две места на табелата. Според она што е веќе беше познато и многупати објавено и искоментирано само првопласираниот состав си обезбедува место во Супер лигата и за следната сезона, додека второпласираниот тим ќе треба да се соочи со победникот на Првата лига во бараж натпревар. Веќе е и познато како ќе се одвива баражот. Тој ќе се одржи кон средина на месец јуни односно на 16 или 17 така што ова ќе биде долга полусезона во која ќе има што да се види од сите екипи. Е сега, постојат муабети дека клубовите ке се обидат да изздсејствуваат проширувањена суперлигата за следната сезона па од оваа плеј аут група да опстанат повеке екипи, но засега ова се само муабети и предлози. Во плеј-аут лигата годинава ке играат „Работнички“, „Прилеп“, „Јуниор Кисела вода“, „Астраион“, „Младост“, „Тиквеш“, „КЛ 7“ и „Радовиш“. Тешко е да се даде предност на некој тим или да се одреди некое дерби кое ќе ја одбележи сезоната бидејќи барем пет од овие екипи имаат рамноправни шанси за првото место.

м.в.