ФОРМИРАН Е ФК „ВОЗАРЦИ ДМД“ КОЈ КЕ СТАРТУВА ОД ОПШТИНСКАТА ЛИГА СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ
Ново име на кавадаречката фудбалска карта. Помина подолг временски период откако згасна ФК „Црна Река“ од с.Возарци но пред месец дена фудбалот во Возарци се врати на голема врата. Имено се формираше ФК „Возарци ДМД“ кој се пријави да се натпреварува во општинската лига која треба да стартува кон средината на месец март. Системот на натпреварување дополнително ке биде одреден кога ке се дознае и конечниот број на пријавени екипи. Амбициите на возарчани се веднаш да се обидат да влрезат во третата лига југ па затоа се ангажирани и засилувања. Активиран е ветеранот Сашко Димов, познато име во кавадаречкиот фудбал а покрај него во клубот пристапи уште едно познато име Тони Гацев. Од „Росоман“ дојде Мите Илов а од „Тиквеш“ Стефан Илов.Екипата ке ја води младиот тренер и поранеше играч на „Тиквеш“ и други клубови Симеон Симонов. Клубот натпреварите ке ги игра на теренот во с. Возарци а веке одиграа и еден контролен натпревар со „Марена“ кој го загубија со резултат 5:3. Во најава за следниот викенд е уште еден контролен натпревар во Возарци против екипата на „Сопот“.
м.в.