ПЛЕЈ АУТ ДЕРБИ : МЛАДОСТ - ГРК ТИКВЕШКАВАДАРЧАНИ ВО БОГДАНЦИ НАЈВЕРОЈАТНО КЕ ПАТУВААТ БЕЗ ЈАНЧЕВ ШТО КЕ БИДЕ ГОЛЕМ ХЕНДИКЕП

Ракометните суперлигаши од плеј аут групата продолжуваат во турбо ритам со средбите од 3 коло.Дербито ке се одигра во Богданци каде ке се сретнат две екипи кои во воведните две кола имаат по две победи.Младост ке го пречека ГРК Тиквеш кој најверојатно на оваа средба ке биде ослабен со неиграњето на Јанчев. Богданчани осетно се засилија за плеј аутот но доколку кавадаречката одбрана биде на висина на задачата се е можно на оваа средба. Фаворизираниот Радовиш патува за Прилеп без право на кикс но истото важи и за домашниот состав. КЛ 7 ке гостува во Струмица кај Астраион додека во скопската пресметка Работнички иако гостува е благ фаворит во дуелот со Јуниор Кисела Вода. Средбата во Прилеп се игра утре а сите останати во недела.

М.В.