КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ ЦВРСТО ЈА ДРЖАТ ПРВАТА ПОЗИЦИЈА И СЕ НА ПОЛА ПАТ ОД ОПСТАНОКОТ ВО ЕЛИТАТА
Со одигрувањето на средбите од 7 коло од суперлигашкиот плеј аут заврши првиот круг од ова натпреварување. Остануваат уште 7 кола по кои ке се знае кои екипи ке изборат опстанок во ракометната елита. Во 7 коло во Кавадарци во еден вистински дерби натпревар екипата на ГРК Тиквеш минимално со 29:28 го совлада Прилеп. Со оваа победа овој прв дел кавадарчани го завршија на позицијата број 1 со 6 победи и само 1 пораз на гостувањето кај Работнички. На табелата на второто место е екипата на КЛ 7 која заостанува 3 бода зад лидерот а во ова коло во второто дерби го совладаа Работнички со 27:23. Работнички и Прилеп сега се на позициите 3 и 4 со 6 бода помалку од Тиквеш. Младост во Богданци беше непријатно изненадена од екипата на Јуниор бидејки средбата заврши со резултат 28:28. По стартните 4 порази екипата на Радовиш нанижа 3 победи во серија а вчера славеа убедливо во Струмица против Астраион со 24:39.
М.В.