МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

БОРБАТА ЗА ВРВОТ СЕ РАЗГОРУВА А СЕКОЈА ГРЕШКА ОТСЕГА СКАПО СЕ ПЛАЌА

8 коло од ракометниот плеј аут донесе рсзултати кои наместо да ја расчистат состојбата на врвот на табелата дополнително ја замрсија но и ја направија многу интересна.

Ракометарите на ГРК Тиквеш кои се лидери на табелата останаа на врвот и покрај тоа што беа непријатно изненадени на домашен терен од екипата на Јуниор КВ која важеше за аутсајдер. Кавадарчани без Смињаниќ во составот загубија со 29:31.Второпласираниот тим на КЛ7 не го искористи овој кикс и во дербито загубија од Прилеп на домашен терен со 35:36. Младост очекувано беше убедлив во дуелот со Астраион со 30:19 и се проби на 4 позиција.Радовиш по 4 воведни порази нанижа 4 победи во серија овој пат го декласираше Работнички со 27:14 и се израмнија со бодовите. На табелата води ГРК Тиквеш со 18 бодови пред Прилеп и КЛ 7 кои имаат 3 помалку. Младост на 4 позиција има 5 помалку од лидерот а Работнички и Радовиш собраа по 12.

М.В.