ТИКВЕШ И ПРИЛЕП ЗАСЕГА СЕ ОДЛЕПИЈА НО РАДОВИШ ЈА ПРОДОЛЖИ СЕРИЈАТА БЕЗ ПОРАЗ
Ракометарите на ГРК Тиквеш очекувано славеа на гостувањето во Струмица кај Астраион со 19:37 во рамките на 9 коло од ракометниот плеј аут. Кавадарчани ја задржаа првата позиција со 3 бода повеке од најблискиот конкурен а тоа е тимот на Прилеп. Прилепчани не дозволија изненадување на домашен терен и го совладаа Работнички со 31:28. Радовиш ја продолжи победничката серија и славеше во Богданци против Младост со 22:27. Со оваа победа Радовишани избија на позицијата 3 со 6 бода заостанување зад лидерот колку што има и тимот на КЛ 7 кој киксна на гостувањето во Кисела Вода. Екипата на Јуниор покажа дека победата во Кавадарци не била случајна и славеше со 43:37. Сега Јуниор е петти и заедно со Младост заостануваат само два бода зад Радовиш и КЛ 7.
М.В.