ПОЧНУВАЈКИ ОД УТРЕ РАКОМЕТАРИТЕ И КОШАРКАРИТЕ КЕ ЗЕМАТ УЧЕСТВО ВО ЗАВРШНИЦАТА ОД НАЦИОНАЛНИОТ КУП

Ракометниот и кошаркарскиот куп влегуваат во самата завршница па почнувајки од утре па до крајот на викендот ке се дознаат победниците на најмасовното натпреварување. Ракометарите иако првично беше планирано да почнат од 14 мај во последен момент дојде до промена за да не се поклопат со кошаркарската куп завршница па полуфиналните дуели на програмата се утре. Во машките полуфинални дуели се среќаваат „Металург“ - „Вардар“ (13 мај, 16:30 часот) и „Бутел“-„Еурофарм Пелистер“ (13 мај, 19:00 часот).Машкото финале на програмата е во сабота (15 мај) со почеток од 19:00 часот. РФМ е организатор на завршниот турнир а домаќин на овие натпревари ќе биде салата „Автокоманда“.Во женска конкуренција полуфиналните дуели ке се играат во петок и тоа од 15:30 часот, „Куманово“ – „Металург“ и од 18:00 часот, „Вардар“ – „Чаир“. Финалето е закажано за сабота 15 мај од 14:30 часот. Ббранители на титулите се екипите на „Куманово“ во женска и „Металург“ во машка конкуренција.

И кошаркарската федерација се јавува како организатор на куп завршницата а домакин е салата на СРЦ „Кале“ во Скопје. Девојките веке си го одработија своето а викендов или поконкретно од 14 до 16 мај осумте најдобри од кошаркарската елита ке се борат за трофејот кој од оваа година го носи името на легендата Благоја Георгиевски Буштур. Четвртфиналните двојки од купот се :Пелистер - Академија ФМПРаботнички - ТФТЕуро Никел - ГостиварМЗТ Скопје - КумановоЧетвртфиналните средби се играат во петок, полуфиналињата се во сабота а финалето во недела.

М.В.

185793646_226752295449601_5323117587170530637_n