МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НА 5 КОЛА ДО КРАЈОТ ГРК ТИКВЕШ ЈА ИМА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА НА ТАБЕЛАТА

Во ракометните македонски првенства во сите конкуренции останува да се доиграат уште по пет натпревари до крајот на сезоната. Иако првично беше предвидено сезоните во Суперлигата, Женската лига и Првата лига да завршат на 12/13 јуни, сепак најверојатно тоа ќе се случи десетина дена порано. РФМ одлучи да се игра во забрзан ритам, среда-сабота (односно четврток - недела). Најинтересно ќе биде во суперлигашкиот плеј-аут. ГРК Тиквеш во пресрет на последните 5 кола е на пол позиција на врвот на табелата и во четврток на домашен терен ке го пречека тимот на Младост од Богданци. Кавадарчани домашните средби ке ги играат во Неготино но оваа средба е од големо значење бидејки со победа и доколку се поклопат останатите резултати Тиквеш може да се одлупи на +6 бода од директните конкуренти. Засега Тиквеш има 21 бод а Прилеп на второто место има 18. Прилепчани во ова коло гостуваат во Радовиш на истоимената екипа која е во серија од 5 победи и со победа радовишани ке се израмнат со Прилепчани со бодовите но при триумф на кавадарчани разликата така би била 6 бода. До 18 бода сигурно ке стигне и екипата на КЛ 7 која ке игра со отпишаниот Астраион. Интересен ке биде дуелот помеѓу Работнички и ЈУниор КВ бидејки победнбикот од овој натпревар ке ја продоклжи трката со водечките а поразениот дефинитивно би се збогувал со шансите за опстанок во елитата. Да споменеме дека до крајот ГРК Тиквеш покрај средбата со Младост на домашен терен ке игра и со Радовиш и Работнички а ке му гостува на Прилеп и КЛ 7. Планирано е бараж натпреварот за пополнување на елитната конкуренција да се одигра на 5/6 јуни или на 9/10 јуни, во зависност од договорот меѓу РФМ и двете екипи што ќе играат.

М.В.