КОЈА ЕКИПА ПОКРАЈ ГРК ТИКВЕШ КЕ ОСТАНЕ ВО СУПЕРЛИГАТА

Утре се игра последното коло од ракометниот суперлигашки плеј аут.

Последното коло ке ја разреши и последната дилема кој покрај ракометарите на ГРК Тиквеш и следната сезона ке игра во ракометната елита. Дербито во Прилеп помеѓу истоимениот тим и ГРК Тиквеш ке го даде конечниот распоред на позициите 1, 2 и 3. Тиквеш во било која комбинација сигурно ке игра следната сезона во суперлигата бидејки има подобар меѓусебен скор со радовишани.Радовиш се очекува да забележи лесна и убедлива победа на домашен терен со одамна отпишаниот Астраион но со мислите оваа екипа ке биде свртена кон Прилеп во надеж дека кавадарчани ке им направат огромна услуга. Имено доколку кавадарчани победат тие ке бидат први радовишани втори и ке останат во суперлигата а прилепчани ке играат бараж за опстанок.

Доколку прилепчани победат тие сезоната ке ја завршат како првопласирани, Тиквеш ке биде втор а Радовиш ке мора да игра бараж. Средбите Работнички - КЛ7 и Јуниор КВ - Младост освен меѓусебен престиж немаат никакво друго значење.

М.В.