ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ВО ТАЕКВАНДО ОБЕЗБЕДИ ФИНАЛЕ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ
Убаво јулско утро за македонците ширум светот. Уште поубаво кога од Токио пристигнаа најубавите вести дека македонскиот репрезентативец во таеквандо , Дејан Георгиевски обезбеди финале на олимписките игри и ке се бори за златниот медал. Спортската бајка Георгиевски ја започна совладувајки го актуелниот светски првак, кубанецот Рафаел Јуниер Алба Кастиљо со 11:8. Потоа во четврт финалето нашето момче македонче го совлада Сејду Гбане од Брегот на слоновата коска со 9:4. Во полуфиналето нашиот знаменосец се сретна со кореецот Ин Кјо Дон кој бепе второрангиран на овој турнир. Кореецот по првата рунда водеше со 1-0 но македонскиот тајфун во продолжение едноставно го оддува кореецот од борилиштето и славеше со 12:6. По пауза од 20 години, Македонија конечно има нов медалист на олимписките игри, благодарение на новиот македонски спортски херој Георгиевски.Во финалето на категоријата над 80 кг противник на Георгиевски во битката за златото ќе му биде русинот Владислав Ларин, кој во Токио дојде како главен фаворит за златото., но Георгиевски веќе покажа дека може да победи секого и сигурно без преголем респект кон противникот ќе влезе во големото финале. Борбата е закажана за денес во 14.45 ч. по македонско време
М.В.