Никола Стефановиќ има само 21 година а во Кавадарци доаѓа од шведската екипа Луги

Пред денешниот старт на подготовките екипата на ГРК Тиквеш затвори уште една позиција во тимот за претстојната сезона. Во клубот пристига ракометарот од Србија, Никола Стефановиќ кој има 21 година, и наспува на позицијата пивот. Тој во последните две сезони го носеше дресот на Луги од Шведска. Висок е 190 сантиметри, а тежок речиси 100 килограми и игра во двата правци. Кариерата ја почнал во тимот на Лозница, а го носел и дресот на Врбас, Раднички Крагујевац и Спартак Војпут. На оваа позиција ГРК Тиквеш го има и Ристе Окардов па Магдинчев на располафгање ке има два квалитетни пикери.

М.В.