МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадаречките ракометари завршија како четврти на силниот струшки турнир

Тимот на ГРК Тиквеш во рамките на подготовките за претстојната суперлигашка сезона зеде учество на 49-тиот традиционален струшки ракометен турнир.

Кавадаречкиот состав беше во група со Металург и Еурофарм Пелистер. Во првиот натпревар Тиквеш приреди изненадување совладувајки го фаворизираниот тим на Металург со 30-26 благодарение пред се на одличното издание на голманот Стојановски и неговите 18 одбрани. Во вториот натпревар кавадарчани беа декласирани од Еурофарм Пелистер со 38-21. Во борба за трето место ГРК Тиквеш синока беше поразен од Бутел со 29-20. Следува период во кој Магдинчев и стручниот штаб ке треба да ги разгледаат сите пропусти кои се појавија на турнирот да се отстранат грешките, воигра тимот и подготвени да го пречекаат учеството на турнирот во Прилеп. Да споменеме дека Тиквеш успеа да го потпише и десниот бек Стефан Трпчевски кој минатата сезона настапуваше за екипата на БК-46 во Финска

М.В.