МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЗАРАДИ ТРИДНЕВНАТА ЖАЛОСТ СРЕДБИТЕ ОД ПРВОТО КОЛО ВО РАКОМЕТНАТА СУПЕРЛИГА КЕ СЕ ОДИГРААТ ВО НЕДЕЛА

Владата на Република Македонија на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава, во знак на сочувство кон семејствата на трагично загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово. Ова значи дека ќе биде одложен стартот на ракометната Суперлига и натпреварите од првото коло. Шесте средби од првото коло што требаше да се играат денеска, ќе се одиграат в недела, додека оние од второто коло што требаше да се играат за време на викендот, ќе бидат на програмата следните среда и четврток. Третото коло ќе биде одиграно како што беше планирано според првичниот распоред следниот викенд.

М.В.