Кавадарчани цели 50 минути беа рамноправни со скапиот состав на Пелистер но на крај сепак беа поразени

Во рамките на второто коло од ракометната супер лига вчера во Кавадарци се сретнаа ГРК Тиквеш и Пелистер. Битолчани рано се одлепија на 3-6 но Тиквеш секогаш се враќаше во игра. Во 24 мин Пелистер поведе со 9-14 но Тиквеш направи серија од 5-0 и израмни а битолчани со гол во последните моменти додјдоа до минимална предност на полувремето од 14-15.На стартот на вториот дел битолчани се одлепија на плус четири 15-19. Но Тиквеш немаше намера да се предаде и стигна до 20-21. Сепак кавадарчани не издржаа до крај па во 51 мин Пелистер пак се одлепи на 22-26, па до крајот лесно ја одржаа предноста за конечна победа со шест гола, 24-30. Најефикасен кај Пелистер беше Периќ со 6 погодоци а Божиќ Павлетиќ постигна 5. Кај Тиквеш Јанчев, Симиќ, Трпчевски и Темелковски постигнаа по 4.Во вториот вчерашен суперлигашки натпревар Прилеп приреди големо изненадување и го совлада Металург на домашен терен со 28-24.

М.В.