11 суперлигаши и 5 прволигаши ке се борат за четири места на фајнал фор турнирот.ГРК Тиквеш го победи Борец во гости 26-35
Изминатата недела се одиграа 15 натпревари од елиминациското коло во Купот на Македонија во ракомет. Главно беа постигнати очекувани резултати, а единтвеното поголемо изненадување го направи Алкалоид, кој го елиминираше суперлигашот Радовиш. Сите други суперлигаши се пласираа во групната фаза плус Вардар кој беше слободен во елиминациит, па сега се комплетирани 16 екипи што ќе се борат за Ф4. Меѓу нив има дури пет прволигаши и 11 суперлигаши, кои групната фаза ќе ја одиграат на 12 и 13 март следната година. Шеширите пред ждрепката за групите ќе бидат познати по завршувањето на есенскиот дел во суперлигашката и прволигашката конкуренција бидејки носителите по групи ке се одредат според актуелниот пласман на табелата во тој момент.Комплетните резултати од елиминациско коло од националниот куп се:Охрид – Преспа 38-21Металург – Јехона 44-22Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19Пролет – Кичево 51-21Јуниор КВ – Куманово 32-29Скопје – Текстилец 35-19Работнички – Драчево 25-30Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18Астраион – Прилеп 25-37Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40Аеродром – Младост Богданци 29-24Алкалоид – Радовиш 39-27Борец – Тиквеш 26-35
М.В.