МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Почнуваат и калкулациите за тоа која селекција најмногу и одговара на Македонија како противник

Познати се сите европски селекции кои ке учествуваат во баражите за пласман на СП во Катар следната година.. Фудбалската репрезентација на Македонија за првпат во историјата ќе игра во еден баражот за Светското првенство а веке се знаат и можните противници. Нашиот национален тим ќе биде меѓу неносителите, заедно со Турција, Полска, Украина како второпласирани во групите, плус Австрија и Чешка кои доаѓаат од Лигата на нациите. Потенцијални противници на Македонија од носителите се две големи и звучни имиња како Португалија и Италија, потоа следи Русија, во опција е и Шведска, а тука се и селекциите на Шкотска и Велс. Ако се гледа историјата токму Шкотланѓаните и Велшаните некако најповолно ни одговараат затоа што веќе ги победувавме во минатото. Ждрепката ќе се одржи на 26 ноември, а дванаесет селекции ќе се поделат во три групи по четири, во кои ќе се играат две полуфиналиња и победниците одат во финале за СП 2022. Македонија како неносител ќе биде гостин во полуфиналето. Полуфиналињата се играат на 24/25 март, додека финалињата се на 28/29 март.

М.В.