Битолчани се фаворити а кавадарчани сакаат да се надигруваат без бело знаме
Во машката ракометна суперлига викендов ке сe одиграат средбите од 13 коло. И овој пат први на теренот ке излезат ракометарите на ГРК Тиквеш кои утре ке имаат тешко гостување во Битола каде од 18 часот ке се сретнат со Еурофарм Пелистер. Битолчани се апсолутен фаворит а кавадарчани својата шанса би требало да ја гледаат можеби во заморот на битолчани и концентрацијата на нивните мисли кон ракометната лига на Европа. Имено Еурофарм Пелистер во вторникот во Португалија играше со екипата на Спортинг во рамките на лигата на Европа а со истиот противник ке игра и во Битола следниов вторнк. Ако битолчани си дозволат да го потценат противникот кавадарчани ветуваат дека ке ја искористат секоја укажана можност за евентуално изненадување. Својот натпревар утре ке го одиграат и екипите на Металург и Прилеп додека во сабота се закажани средбите Пролет - Скопје, Охрид - Струга, Радовиш - Вардар и дербито Бутел - Еурофарм Пелистер 2.
М.В.