Кавадарчани во бледо издание очекувано се поразени во Битола со 25-16

Во машката ракометна суперлига викендов сe одиграа средбите од 13 коло. ГРК Тиквеш гостуваше во Битола кај Еурофарм Пелистер. Сите беа свесни дека битолчани се апсолутен фаворит но се очекуваше кавадарчани да пружат подостоинствен отпор или барем да се обидат да го искористат заморот на битолчани од евро настапите. За жал до тоа не дојде па Еурофарм Пелистер забележа лесна победа од 25-16. Металург лесно го доби Прилеп со 35-27, Пролет - Скопје 34-26, Охрид - Струга 29-18, Радовиш - Вардар 20-37 и во дербито Бутел - Еурофарм Пелистер 2 29-21.Кај прволигашите, лидерот во групата А екипата на Вардар од Неготино забележа лесна победа на гостувањето кај Јехона со 22-32. Младост тешко дојде до бодовите на гостувањето кај Партизан со 30-31. Драчево немаше проблем нагости кај Шампион и победи со 19-33 а единствената домашна победа ја впиша Работнички против Преспа со 33-23.Во групата Б Алкалоид сеуште е без пораз откако со 38-19 го совлада тимот на Македонија ЃП. Голден АРТ го декласираше Металург РА со 38-20. Јуниор КВ рутински го доби Куманово со 22-18. Во останатите средби од оваа група Кичево - Аеродром29-34 и Текстилец - Астраион 25-26.

М.В.