Лилјана Илиева заврши како 47 на силниот меѓународен турнир Гран При на Белград

Викендов кавадаречките стрелци од СК Кавадарци зедоа учество на два натпревари. Тие учествуваа на државното првенство во училишни спортови кое се одржа во Охрид каде нашиот Никола Караѓорѓев го освои првото место а Кире Богев го освои третото место. Инаку и двајцата се ученици во СОУ ,,Киро Спанџов Брко,, од Кавадарци. Исто така Лилјана Илиева инаку членка на СК Кавадарци викендов зеде учество на 46 издание на меѓународниот турнир Гран При во Белград, Србија. Со резултат од 604,4 круга таа го освои 47 место од 61 учесник во категорија на јуниорки.

М.В.

265750640_295416792515576_4151844162963767751_n