Апсолутно заслужено три кавадарчанки беа меѓу лауреатите
Викендов во хотелот ,,Континентал,, во Скопје, во организација на Карате федерацијата на Македонија се одржа изборот на најуспешни каратисти, тренери и клубови. Карате клубот ,,Сансаи- Метал Апостолов,, од Кавадарци ги потврди сите свои квалитети со три пласмани меѓу најдобрите.
Данка Стојкова беше прогласена за најуспешна кадетка во кати. Владанка Аврамова го освои второто место во категоријата најуспешна сениорка во кати. Стефанија Грозданова заврши како трета најуспешна јуниорка во кати.
Само да потсетиме дека Данка Стојкова беше седмо пласирана на Европското првенство за кадети и јуниори што се одржа во јуни 2021 година во Тампере, Финска. Честитки за сите и се надеваме дека 2022 ке биде уште подобра во нивните кариери.
М.В.