МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во сабота нашата ракометна решрезентација ке ги дознае бараж противниците

Македонија на 29 јануари ќе ги дознае ривалите во баражите за Мундијалот во 2023. Откако беше познат пласманот на селекциите од 13 до 24 место на ЕП, веќе е познато кои од нив ќе играат во првиот бараж, а кои имаат обезбедено место директнот во вториот бараж за Мундијалот во Полска и Шведска следната година. Селекциите од 16 до 24 место, меѓу кои и Македонија која заврши на 22 место, ќе бидат во првиот шешир односно во делот на носители пред ждрепката. Таа ќе се одржи во Будимпешта со почеток во 13:30 часот. Нивни можни ривали се селекциите на Швајцарија, Романија, Грција, Белгија, Финска, Естонија, Израел, Фарски Острови и Италија. Двомечот од бараж 1 ќе се игра кон средината на март. Победниците од бараж 1 ќе се најдат во шеширот 2, односно оној на неносители и ќе играат со шест селекции пласирани од 4 до 12 место на ЕП 2022, со исклучок на Полска, Шведска и Данска, плус Србија, Чешка и Унгарија. Репрезентациите што ќе освојат медали на ЕП 2022 директно одат на Мундијалот, а останатите девет места за Европа ќе се пополнат преку баражите.

Квалификации за СП 2023: Бараж 1, 14-20 март

-шешир 1: Украина, Босна и Херцеговина, Македонија, Литванија, Словенија, Португалија, Белорусија, Австрија, Словачкашешир 2: Швајцарија, Романија, Естонија, Финска, Израел, Фарски Острови, Италија, Бараж 2, 11-17 априлшешир 1: Србија, Чешка, Унгарија + плус шест од следните девет репрезентации – Исланд, Русија, Црна Гора, Хрватска, Норвешка, Франција, Холандија, Шпанија, Германијашешир 2: девет победници од бараж 1

М.В.