МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Црна Река го пречекува Карадаку а Клими дома игра со Црешово Топче

Викендов започнува пролетната полусезона во првата и втората македонска футсал лига. Кај прволигашите 13 коло ке го отворат Црна Река и Карадаку. По 12 кола кавадарчани се 7 со 11 бодови додека Карадаку се 5 со 17 бодови. Колото ке го одбележи дербито помеѓу актуелниот шампион Проект кој го пречекува есенскиот шампион Шкупи. Во недела ке се одиграат три средби и тоа Енхалон – Велес, Јувентус Серава – Шкендија и Железарец – Арбен Бајрами.Второлигашите ке го одиграат 10 коло. СЕЕ Университи го пречекува Мал Ајакс а Клими.мк е апсолутен фаворит во дуелот со Црешово Топче од Пробиштип. СФК Проект е домакин на Кардшлк, Астибо го пречекува Овче Поле а дербито се игра во Битола каде ке играат Конзули и Форца. Во ова коло слободен е лидерот Кеги Моби бидејки екипата на Велешта е дисквалификувана.

м.в.