Овие две екипи на табелата ги дели само бод што е најава за неизвесен и интерен натпревар
15 коло од првата македонска футсал лига ке стартува со натпреварот помеѓу лидерот Шкупи и фенерџијата Велес. Колото продолжува во сабота кога во Кавадарци Црна Река ке го нагости тимот на Јувентус Серава. Средбата се игра во салата Јасмин со почеток од 19.45. Останатите три средби се играат во недела а се срекаваат Проект – Карадаку, Енхалон – Арбен Бајрами и Железарец – Шкендија. На табелата води Шкупи со 39 бода, 3 повеке од Проект. На третото место е Арбен Бајрами со 27 па Железарец со 22 и на 5 место е Карадаку со 18. Екипата на Црна Река е 6 со 15 бодови па следуваат Јувентус Серава со 14, Енхалон и Шкендија со 11 и Велес со 8.Второлигашите ке го одиграат редовното 12 коло. Колото ке биде отворено во сабота. Екипата на Клими во салата Јасмин со почеток во 16 ч. Ке го пречека тимот на СФК Проект а во Свети Николе Овче Поле го пречекува СЕЕ Универзити. Во недела Форца ке одигра со Мал Ајакс а ке се одигра и штипското дерби помеѓу Кардашлк и Астибо. Колото ке заврши во понеделник со средбата Црешово Топче и Кеги Моби.
м.в.