Вардар беше магнет за кавадарчани да дојдат и да ги бодрат кавадаречките ракометари

21 коло кај ракометните суперлигаши донесе очекувана разврска во однос на табелата. Екипата на Пролет очекувано е поразена од Еурофарм Пелистер со 23-28. Охрид славеше нагости кај Прилеп со 21-30. Струга го доби Скопје со 35-24 а Еурофарм Пелистер 2 го совлада Радовиш со 35-22. Средбата Бутел – Металург не се одигра а кавадаречката спортска јавност уживаше во спектаклот наречен Вардар. Вардар славеше со 25-30 но Тиквеш одигра машки до крај.Дибиров со 7 гола беше најефикасен кај Вардар а кај Тиквеш Јанчев даде 6 а Симиќ 5. Одлична партија имаше голманот на Тиквеш Велков кој забележа 12 одбрани а голманите на Вардар Ристовски и Гогов заедно имаа 8.

Ракометните прволигаши го одиграа редовното 14 коло. Во групата А лидерот Вардар од Неготино беше слободен. Во дербито Младост – Драчево 31-24 потоа Партизан – Работнички 23-38, Борец – Преспа 33-21 и Јехона – Шампион 34-29. Во групата Б се постигнаа следниве резултати Голден Арт – Кичево 55-23, Алкалоид – Текстилец 50-22, Јуниор КВ – Аеродром 18-24, Металург РА – Астраион 26-25 и Македонија ЃП – Куманово 21-29.

м.в.

274079054_3172884859624276_7407559945491584146_n (1) 274299323_276699714569949_6655892054025564496_n