Лилјана Илиева заврши како 4 и беше најдобро пласирана од шестемина кавадаречки стрелци
Изминатиов викенд во Скопје се одржа првиот куп натпревар во стрелаштво меѓународна програма 10 м со воздушна пушка и пиштол за јуниори и сениори. Членовите на СК Кавадарци на ова натпреварување зедоа учество со шестмина стрелци. Најдовар пласман од нашите стрелци забележа Лилјана Илиева која го освои 4 место а Никола Караѓорѓев заврши како шести. Потоа следуваа Лина Нојкова на 13, Сашко Давчев на 14, Андре Давчев на 15 и Марија Николова на 18 место.
м.в.