МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Црна Река во првата лига засега е шеста а Клими во втората лига го држи четвртото место

Првата и втората футсал лига носат многу неизвесности особено во финишот на првенствата. Интересно е во борбата за самиот врв на табелата но и во борбата за опстанок.

По 17 одиграни кола во првата лига, лидер е Шкупи со 48 бодови три повеке од актуелниот шампион тимот на Проект од Валандово. Железарец го држи третото место со 31 бод а само бод помалку има Арбен Бајрами на четвртото. Екипата на Црна Река во моментов е шестопласирана со 18 бодови само бод помалку од петтопласираниот тим на Карадаку. Голема борба ке има и за опстанок во лигата. Шкендија е последна со 10 бодови а во минатото коло оваа екипа не се појави на гостувањето во Струга. Предпоследен е Велес со 11 бодови а пред него на 8 место е Енхалон со 15 бодови. Да потсетиме последните две екипи директно ја напуштаат првата и се селат во втората лига

Интересно е и во втората лига каде води тимот на Кеги Моби кој има 34 бодови но и средба помалку а второпласиран е тимот на Форца со бод помалку и средба повеке. На третото место засега е тимот на Астибо кој доколку добие 6 службени бода од двете средби на кои противниците не се појавија ке има вкупно 31 бод. Екипата на Клими во моментов е четврта со 28 бода а Конзули имаат 25. Во втората лига тимот на Велешта е дисквалификуван а СФК Проект се откажа па лигата сега остана со 10 екипи а последен е тимот на Кардашлк кој има 14 порази од 14 средби

М.В.

viber_image_2022-03-09_12-49-54-041