Каков е распоредот во последните три кола во машката ракометна супер лига.
На три кола до крајот во ракометната машка суперлига распоредот на табелата се придвижи во правец кон екипата на Вардар откако скопјани во последното коло славеа во Битола против директниот конкурент за титулата екипата на Еурофарм Пелистер со 23-26 и ја презедоа првата позиција на табелата. Бутел со победата над Охрид од 19-17 си ја запечати третата позиција а екипата на ГРК Тиквеш колку и да сакаше, не можеше да победи нагости кај Еурофарм Пелистер 2 бидејки младите битолчани имаа и повеке од сесрдна помош од судиите на овој меч. Во ФФМ по многуте реакции од клубовите за арбитражите судиската организција почна да ги гледа снимките и да си ги казнува колегите кои грешат. Време е истото да го направат и КФСМ и РФМ бидејки факт е дека се почесто се фаворизираат одредени клубови. ГРК Тиквеш е петти на табелата со два бода помалку од помладите битолчани но според распоредот кавадарчани се поблизу до позицијата број 4. За шампионската титула Вардар ке игра со ЕП 2 дома па ке му гостува на Бутел и во последното коло го пречекуваат Тиквеш. Пелистер му гостува на Охрид и на помладиот брат а во последното коло го пречекува Бутел.Бутел и да ги загуби трите средби против Тиквеш, Вардар и Пелистер ке остане трет бидејки има 7 бода повеке од конкурентите. ЕП 2 бодови може да бара само кај Охрид во последното коло бидејки претходно игра на гости кај Вардар и со постариот брат. ГРК Тиквеш може да стигне до позицијата 4 само доколку ги совлада Бутел и Охрид дома и со тие 6 бода ке скокне на табелата бидејки во последното коло му гостува на Вардар. До крајот секој кикс скапо се плаќа како во борбата за шампионската титула така и за ракометна Европа.
М.В.