МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Екипите ке бидат поделени во две групи по 8 тима односно 14 кола и во регуларниот дел и во разигруваањето

Од следната сезона во машката ракометна суперлига во Македонија ќе играат 16 екипи. Најавената промена беше усвоена од Управниот Одбор на РФМ, а беше потврдена и на Собранието на федерацијата. Според најавата, екипите ќе бидат поделени во две групи по осум, ќе се игра по принципот дома-гости во регуларен дел, 14 кола, а потоа најдобрите четири од двете групи продолжуваат во плеј-офот. Екипите од 5 до 8 место од двете групи ќе разигруваат за опстанок во плеј-аут групата. Првото место од регуларниот дел во плеј-оф, односно петтото место во плеј-аут, носи 3 бода, потоа 2, 1 и 0. И во плеј офот и во плеј ке се игра дома - гости, уште 14 кола. Петото место во плеј-аут носи опстанок во Суперлига, екипата што ќе биде шеста во плеј-аут ќе игра бараж со третопласираниот тим од Првата лига, додека седми и осми тим од плеј-аут испаѓаат во Прва лига а директно место во елитното друштво обезбедуваат прво и второпласираниот тим од прволигашката конкуренција. Овој предлог беше поднесен од 31 клуб што играат во Суперлигата и во Првата лига, беше разгледан и усвоен од УО, а на Собранието беше потврден истиотЖенската лига од следната сезона, исто така ке игра со малку изменет систем во споредба со оваа сезона. Во моментов играат 15 екипи, но има најави за пријавување на нови екипи. Сите пријавени тимови ќе бидат поделени во две групи и ќе играат дома-гости, по 14 кола доколку има по осум екипи во група. Екипите што ќе се пласираат од прво до четврто место продолжуваат во плеј-офот, додека останатите ќе играат во плеј-аут. За разлика од оваа сезона, кога екипите играат повторно по принципот дома гости во плеј-офот или плеј-аутот, во следната сезона, ќе се пренесуваат бодовите од натпреварите со екипите што играле во иста група. Односно ќе се одиграат уште само осум кола, а тоа е вкупно 22 меча во текот на сезоната.

М.В.