Високи победи на Вардар Неготино, Превалец, Питу Гули и Росоман и без смени на врвот
Вчера се одиграа средбите од 17 коло во третата македонска фудбалска лига група југ. Лидерот на табелата екипата на Вардар од Неготино со 6-0 го совлада тимот на Младост и ја продолжи доминацијата во оваа конкуренција. Второпласираниот тим на Превалец на домашен терен го растури Обршани со резултат 13-1 и ја одржа разликата од 3 бода зад неготинчани. Екипата на Питу Гули ја задржа третата позиција откако со 0-3 славеше нагости кај Возарци. И Росоман ја задржа 4 позиција откако со 4-1 го совлада тимот на Марена. Бучин и Ново Црнилиште ги поделија бодовите играјки 2-2 а Динамо и Големо Коњари го презакажаа нивниот натпревар за следната среда
М.В.