Со оваа победа Вардар и официјално ја освои седмата шампионска титула во низа

Ракометарите на Вардар го совладаа Тиквеш со 37-24 во првиот натпревар од последното коло од суперлигашкиот плеј-оф и ја одбранија титулата во Суперлигата. Иако два пати киксираа против битолските екипи, вардарци сепак ја потврдија доминацијата во македонскиот ракомет. Ова е седма титула во низа за Вардар или вкупно 15 , а покрај првенството, Вардар го освои и трофејот во Купот на Македонија, па сега колекцијата на „црвено-црните“ брои 30 одличја.На средбатаа со Тиквеш Вардар брзо се одлепи и поведе со 7-1 а на полувреме беше 18-10. До крајот се беше само рутина и искуство. Вардар на оваа средба се прости од браќата Оливие и Кевин Њокас, Патрик Валчак, Стефан Додиќ, Бакари Диало, и Жереми Тото па ракометарите добија и врамени дресови од Вардар како подарок. На спротивната страна благодарница доби Јане Јанчев кој по три сезони во кавадаречкиот клуб следната сезона повторно ќе се обиде во интернационалните води.Останува да се види дали Тиквеш сезоната ке ја заврши на 4 или 5 позиција а тоа ке се дознае утре по натпреварот Охрид - Еурофарм Пелистер 2. Битолчани само со победа ке ги прескокнат кавадарчани на табелата. Во недела се игра последниот натпревар за оваа сезона без никакво значење а ке се сретнат Еурофарм Пелистер и Бутел.

safe_image (2) safe_image (3)

М.В.