МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Турнирот ке се одржи на крајот на месец август и ке биде последна контрола пред стартот на првенството

Следниот месец, на 27 и 28 август, раководството на РК Охрид ќе го организира првото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ во чест на некогашниот ракометен стратег кој има оставено голем белег во охридскит, македонскиот и југословенскиот ракомет. Покрај домаќинот Охрид, на турнирот ќе играат уште две екипи од Македонија и една екипа од странство. Од домашното првеннство станува збор за екипите на ГРК Тиквеш и Пролет, додека гостин од Србија ќе биде составот на Партизан. На 27 август ќе се одиграат двата полуфинални натпревари, а паровите ќе бидат одредени со жрепка. На 28 август треба да се одиграат мечот за третото место и финалниот натпревар. Охриѓани најавуваат дека овој меморијален турнир ќе прерасне во традиција и ќе биде можност за последна проверка за македонските екипи пред стартот на сезоната.

М.В.

viber_image_2022-07-11_10-14-27-782 viber_image_2022-07-11_10-14-28-357